Јуниорско кадетско државно првенство во Кик Бокс
Кик боксинг федерацијата на Македонија во рамките на активностите спрема календарот за 2014г.во саботата (31.05.2014г.)во спортската сала ,,Иван Хаџи Николов ” во Скопје Ве известува за успешното организирано државно изборно првенство.
Јуниорите и кадети се натпреваруваа за место во репрезентацијата на Македонија која ќе земе учество на светското првенство во септември во Италија.
Техничката организација беше на клубот ,,Прокик ” од Скопје, а од комесарот на натпреварувачката комисија Арбен Јонузи доби високи оценки за покажаната организација. Учество земаа 81 спортист од 19 клуба,кои се натпреваруваа во дисциплините и тежинските категории од кик бокс спортот.
Првенството за отворено го прогласи директорот на ООУ ,,Ацо Шопов ” Г-ѓа Снежана Петреска која нагласи дека од редовите на училиштето има кик боксери кои со гордост ја претставуваат нашата држава и воедно се и одлични ученици.
ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ И ДИСЦИПЛИНИ
лоу кик – јуниори
1 место +70kg Марија Божиновска Гладијатор Скопје
1 место -63,5кг Рамадани Хедис Еико Скопје
1 место -67кг Витанче Витанов Зоран тим Струмица
1 место -71кг Бобан Илиевски Шампион Скопје
1 место -75кг Михајло Костадиновски Шампион Скопје
Музички форми
1 место Илија Ристевски Заншин Битола
Поинт фајт – кадети
1 место -52кг Кристијан Карпашев Гладијатор Штип
1 место +69кг Кирчо Костадиновски Ас Делчево
Лајт контакт – кадети
1 место -28кг Павел Стојчевски Ас Делчево
1 место -42кг Стефанија Петковска Заншин Битола
Постари кадети
1 место 47кг Котев Христијан Зоран тим Струмица
1 место -52кг Стефан Сунчевски Заншин Битола
1 место-57кг Илија Ристевски Заншин Битола
Јуниори
1место -55 kg Сара Станојковска Гладијатор Скопје
1место +70kg Ивана Петковска Заншин Битола
кик лајт кадети
1место-42 kg Стефанија Петковска Заншин Битола
1место -60 kg Ивана Бендовска Зоран тим Струмица
1место-28 kg.Амин Шачири Тетова Тетово
1место -32kg Дилан Ивановски Ас Делчево
1место -37kg Бојан Трајков Фајт тим Skopje
1место -42kg Виктор Трајанов Фајт тим Skopje
1место -50kg Филип Ризов Будо Кавадарци
1место -57кг Михаил Михајловски Ас Делчево
Постари кадети
1 место -57 kg Гордан Трајков Фајт тим Skopje
1 место -63 kg Мицески Филип Зоран тим Струмица
1 место -74 kg.Берат Неџбиу Тетова Тетово
Јуниорки
1место -55kg Сара Станојковска Гладијатор Скопје
1место -60кг Софијана Марковска Водно кик Скопје
1место -65kg Вики Варадинова Гладијатор Штип
1место-70kg Ивана Петковска Заншин Битола
1место +70кг Марија Божиновска Гладијатор Скопје
Јуниори
1место -57kg Мартин Милисев Фајт тим Скопје
1место -60кг Ергил Фејзи Сен Сеи Гостивар
1место -69kg Илија Камчев Будо Кавадарци
1место -70kg Артан Ибраими Сен Сеи Гостивар
1место -74кг Никола Велковс Гладијатор Штип
1место -89кгЈован Ивановски Каринг Скопје
Селекторот Дејан Митровски Урко во деновите што следат ќе ги повика избраниците кои ќе се подготвуваат за светското првенство .