Ед Фајтерот-Нашинци по светов

ЈоvoCop / не си играј со наше дете

Ако некогаш по некаква корелација можете да ги споите Хокејот и селото Јегуновце тоа е заради еден нашинец кој Македонското во себе го носи остро, исто како и неговите лизгалки. 

Ед Јовановски e роден на 26 јуни 1976 во Виндзор, Онтарио, Канада и е канадски професионален хокејар од македонско потекло кој игра во Националната Хокеарска Лига за тимот на Phoenix Coyotes. 

Јовановски, чии родители имигрирале во Канада од тетовското село Јегуновце, беше избран прв севкупно од страна на тимот на Florida Panthers во НХЛ драфтот од 1994 и се појави во завршницата на плејфот на Стенли Купот со „Пантерите” во 1996.

Познат по неговото мазно лизгање, напаѓачкиот жар, лидерството на и надвор од мразот, како и снажните удари со тело. Јовановски беше трампан на 17 јануари, 1999 во тимот на Vancouver Canucks со Дејв Гање, Мајк Браун, Кевин Уикс и правото на првиот избор на Флорида за драфтот во 2000, во замена за Павел Буре, Брет Хедикан, Бред Ференс и правото на избор на Ванкувер во третата рунда на драфтот во 2000.

Неговите достигнувања вклучуваат учество во Олимпискиот тим од 2002 година на Канада, кој се закити со злато во Солт Лејк Сити, тимот од 2004 на Светскиот Шампионат и тимот од 2005 кој учествуваше на Светското Хокеарско Првество. Беше избран да игра и за тимот на Канада на Олимпијадата 2006, но мораше да се повлече пред да започне турнирот поради повреда на бутината. Во неговиот прв натпревар по повредата тој постигна еден гол и го заврши натпреварот со два поени.

Во 2005, Јовановски беше предмет на документарен филм снимен од македонско-канадскиот режисер Бил Јанков насловен „The Late Bloomer: Ed Jovanovski” (македонски: доцниот цветач: Ед Јовановски) којшто ја истражува неговата кариера, семејна трагедија и неговата приврзаност со неговото македонско наследство.
Во јули 2006, Јовановски потпиша пет-годишен договор вреден 32,5 милиони долари (машала) со екипата на Phoenix Coyotes.