Јамајка боб тим 2018? -Ја ман!

Можеби не сте познавачи на боб санкањето ама нема кој не ги знае култните боб санкачи од Јамајка. За легендарната боб четворка се зборува со децении а за нивниот пат и настап на Олимписките Игри во Калгари беше снимен и филм. Приказната продолжува и на игрите во ПјонгЧанг. Малата карибска земја одново ќе ги нападне боб патеките со малку поголема амбиција.

Триесет години по ЗОИ во Калгари, малата островска земја од Карибите одново ќе настапува на едни зимски олимписки игри. За разлика од игрите во 1988, овојпат се чини дека Јамајканците пристигнуваат во Кореа со далеку по сериозен тим и цели и за прв пат во мешан состав.

Вкупно 11 спортисти од Јамајка досега настапувале на ЗОИ и сите од нив биле мажи. Оваа година за прв пат претставнички ќе бидат две девојки кои ќе настапат во Боб двосед. Јасмин Фенлатор-Викториан и Кари Расел се храбрите дами кои ќе се обидат да направат изненадување на игрите и да стигнат до висок пласман. Инаку се работи за две искусни спортистки и медалистики со олимписко педигре. Јасмин која ќе биде пилот на санката е родена во САД (со јамајканско потекло) и настапувала на ЗОИ во 2014 а пак Кари Расел која ја има улогата на кочничар е бивш светски атлетски шампион во дисциплината 4х100м.

Покрај нив, во Пјонгчанг деби ќе има и Ентони Вотсон кој ќе настапи во Скелетон. Ова е прво учество за него и за Јамајка во оваа дисциплина. Вотсон исто така е роден во САД и досега нема учествувано на поголеми натпреварувања.

Дали Јамајка ќе освои медал на овие ЗОИ не можеме да претпоставуваме, но со сигурност одново ќе биде вистински хит на Олимпијадата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија