Јахтинг државно првенство

Јахтинг државно првенство

Во организација на Јахт Клуб – Сирма и ЕФМ, изминатиот викенд во Струга на водите на Охридското езеро се одржа државното првенство во едрење на јахти.

На првенството зедоа десетина едрилици од Охрид и Струга со должина од 5,5 до 9метри кои со својата големина им пружија спектакуларна глетка на туристите во Струга. Прекрасните временски услови овозможија на настанот да се одржат три трки и по 4 часовно едрење во класата до 5,5м најдобри беа едриличарите на бродот “Фамилија Кавај” со скипер Бојан Кавај, додека второто место им припадна на охридската “Вико” со скипер Славчо Мошоски. Во атрактивната класа до 9м најдобри беа охридскиот тим “Мена Ветро” со скипер Мирче Китаноски/Стефчо Јовановски, второто место им припадна на екипата од Струга “Винту” со скипер Марко Гучески додека трет на целта пристигна бродот “Галија” со скипер Драган Ќелешоски од Струга.

Со овој настан Едриличарската Федерација на Македонија ја заокружува првата половина од богатата едриличарска сезона на домашен план. Наредни активности се организација на престижната Меѓународна Илинденска Регата која ќе се одржи во охридскиот залив од 1ви до 4ти Август, Поетска регата во Струга за време на Струшките вечери на поезијата, 46то Балканско Првенство, Прва регата на Дојран “Едриме на Дојран” како и државно првенство за најбрзата и најатрактивната класа “даска”(windsurfing).