Кик бокс СВЕТСКО ПРВЕНСТВО - ГУАРАЈА БРАЗИЛ

Извештај од Светското првенство во Кик бокс Бразил 2013

Македонските претставници на сениорската Kик Бокс репрезентација која од 29.09.-7.10.2013 год. е во Гуараја, Бразил на WAKO Светското првенство во ЛОУ КИК и К1 дисциплините во текот на вчерашниот ден ги имаа своите настапи.

На ова Светско првенство има 485 натпреварувачи од 50 земји учеснички од целата планета, а голем пропуст има во однос на судиите заради своето судење. WАКО светската федерација вложува големи напори овие недостатоци да бидат отклонети, но пристрасноста и недоволното искуство си го правт своето на сметка на спортистите.

Забелешки околу судењето на одредени судии имаше и нашето раководство за кои дополнително ќе се разговара на состанокот на бордот на светската федерација .

Прв во рингот беше Далибор Огнанов -75кг. К1 кој за противник го имаше претставникот на Норвешка Даниел Нордас во 1/16 финале. Доминантноста на Далибор беше видлива во текот на целата прва рунда и почетокот на втората кога по зададен удар од страна на Норвежанецот и блокирање на Огнанов се случи кршење на потколеничните коски на Норвешкиот кик боксер.

Победата на Далибор му овозможи пласман во 1/8 финале каде се сретна со светскиот првак Љубо Јалови од Србија. Борбата беше неизвесна до самиот крај. И двајцата кик боксери разменија голем број на рачни и ножни удари. Решаваа нијанси и победата ја однесе Српскиот претставник на големо разочарување на Македонскта делегација .

Ненад Манојловски – 67кг. лоу кик се сретна со Федерико Молина од Аргентина во 1/8 финале. Манојловски влезе во размена на удари во тек на сите три рунди . Се водеше изедначена борба во текот на сите 3 рунди. Манојловски ја пропушти шансата за пласман понатаму со само 1 поен разлика 2:1.

Димитар Ѓорѓиев -75кг. лоу кик за свој противник го имаше Италијанот Андреа Адреначи. Исто како и Манојловски Ѓоргиев имаше одчично претставување. Одлучија разлика 2 поени во корист на Италијанскиот претставник.

Мики Ивановски – 81кг. лоу кик во 1/8 финале за свој противник го имаше Жалгасбај Апшекенов од Казакстан. Ивановски и Апшекенов разменија голем број на удари во текот на трите рунди. Како и кај останатите тројца Македоски кик боксери минимален број на поени ја решија победата во корист на Казакстанскиот кик боксер.

Стручниот тим овде во Бразил е задоволен од настапот на Македонските претставници . Иако не освоија медал сите четворица претставници доследно ги бранеа боите на Македонија.