Италијанци планираат да скијаат од Лхотце

Карши Еверест и споена преку South Col како дел од стандардната рута за да се стигне до кровот на светот, лежи четвртата по височина осум-илјадарка и технички многу тешката „Јужна планина“, Лхотце. Тројца италијанци имаат во план за прв пат да скијаат од врвот до базниот камп, кој што го делат со Еверест.

Скијачите Едмонд Жеусаз и Федерико Коли заедно со камерманот Карло Лимонта имаат во план да ја скијаат јужната страна на 8,501 метарскиот Лхотце во експедицијата Lhotse Ski Challenge. 

Тимот има огромно искуство, особено тим лидерот, Едмонд кој живее на Коурмајер на Монт Блан е ветеран ски инструктор и алпски водич, а воедно, своевремено бил дел од италијанскиот скијачки тим кога во 1984 го освоил италијанскиот Куп.

Тимот го очекува тешко качување, но и уште потешко спуштање бидејќи на делови има и падини кои достигнуваат 55 степени. Моментално тие, според информации објавени на нивниот блог се аклиматизираат на базниот камп.

Во 2011 година првата ваква експедиција предводена од американците Џејми Лејдлоу и Крис Ериксон беше неуспешна.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија