Мобилна апликација

Истражи ја Шар Планина

Убави новини ни доаѓаат од северозападот од Македонија каде што членовите од ПК Љуботен вчера ја пуштија во оптег првата апликација за некој планински масив во Македонија, конкретно за прекрасната Шара.

Апликацијата Expoloring Shar Mountains беше презентирана вчера во 12 часот во Порта Македонија. Идејата е на ПК Љуботен во соработка со МЕД – Македонско Еколошко Друштво, а техничката реализација е од EON Multimedia и истата е прва од ваков тип за некој планински масив или предел во македонија. 

Се работи за мобилна апликација наменета специфично за Шарпланинскиот масив која нуди повеќе општи информации за самата планина, збогатена е со 12 летни планинарски патеки и ги содржи сите важни објекти на самата планина. 

Во првата категорија About може да се прочитаат подетални географски информации за поставеноста, должината, просечната висина, просечните температури, нејзините 25 езера и останати природни богатства, а Македонското еколошко друштво има пружено информации за преку 200те ендемични видови на флора на планината како и големата концентрација на диви животни од секаков тип. 

Во втората категорија Hiking Trails понуден е избор од 12 летни планински патеки кои се целосно обележани на планината, меѓукои и некои од најпознатите како рутата за Титов врв, Кобилица, Лешница, Љуботен и други.

Сите дадени патеки се збогатени со општи информации и спецификации како стартна точка, попатни елементи, висинска разлика итн. а во рутите вклучена е и ГПС мапа која работи офлајн и овозможува навигација по рутата (со напомена за можните грешки на гпс навигацијата преку телефон или друг уред и можноста за непокриеност на одредени места). Дополнително додадени се и неколку видови на флора кои можат да се сретнат при движење на одредените патеки. 

Третиот дел Points of Interest е наменет за поважните планинарски објекти и локации на планината како планинарските домови и локалитети кои се важни за споменување.

Info делот нуди линкови и телефонски броеви за дополнително информирање на сите заинтересирани.

Апликацијата е прва од ваков тип, во иднина се очекува ажурирање и проширување на самата дата база што ја содржи (додавање на повеќе патеки итн). а одлично ќе послужи за промоција на можностите на шарпланинскиот регион особено во делот на алтернативен туризам како и за олеснето информирање и движење на странските и домашните планинари. 

Таа е изработена единствено на англиски јазик и засега има само Андроид верзија па ајде сите 

КЛИК

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија