The Nepal Experience - Непалското искуство

Прошетај низ Непал и фантастичните Хималаи

Иако нема ништо поубаво од една вистинска посета на ова неверојатно место, дечкиве ни приредиле убава можност преку видео снимено во 360 степени, максимално да ни го доближат искуството наречено Непал. Одлично загревање за оние што планираат да одат, а и за оние кои само сакаат да ѕирнат како е. 

*совет – ако трпи нетот пуштете на 4К и шетајте со глушецот по екранот колку што сакате. 

**треба да го пуштите преку Гугл Хром за да го имате целото искуство

***уживајте

Приказната во ова кратко видео ја раскажува Ренан Озтурк, алпинист, авантурист а воедно и долгогодишен продуцент од тимот на Камп 4 Колектив кои имаат направено бројни фантастични филмски парчиња од сферата на екстремните спортови.

Во договор со Норт Фејс тој заедно со екипата биле најмени на почетокот на 2015 година да го направат првото интерактивно видео снимено во 360 степени (она кадешто додека трае видеото ти можеш да ја мрдаш сликата со маусот) за Хималаите, локација која е добро позната на Ренан бидејќи најголем дел од неговите експедиции во последните 15 години биле таму. 

Тие започнуваат да го прават проектот но некаде во април се случува огромна незгода за Непал и за целиот хималајски туризам – земјотресот близу Катманду кој направи уште поголема штета врз овој народ. 

После овој немил настан идејата на целиот проект насловен Непалското Искуство добива нови димензии и поголеми цели – да се помогне на овој регион во закрепнување од овие страшни немили настани. 

Затоа, погоре Ренан и неговиот тим ви ја прикажуваат мирната и убава страна на Хималаите, низ древните и разнолики селца и градови, прекрасните храмови и култура до уникатните планински врвови и масиви.  

Еве нешто слично од Гугл за Непал и за „Носот” во Јосемити

А за сите скијачи ЕВЕ едно видео исто снимено во 360 степени.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија