Наслов

Истражи го Еверест со тастатура и маус

Многумина од нас можеби ќе немаат шанса да ги посетат Хималаите и околината на Еверест, но секогаш ќе постои шансава со неколку клика да ги видите „паркинзите” за јакови во Кумбу, регионалните мали училишта и „кафичи” како и светите места на највисокиот регион на планетава. 

Иако се уште не можете да отидете „до горе”, Гугл преку сервисот Стрит вју овозможув да го разгледате и да прошетате по регионот Кумби со Намче Базар и другите околни села и локалитети и да стигнете до базниот камп на Еверест (засега).

Регионот Кумбу е своевиден влез до највисокиот врв на светот откаде се пристапува кон базниот камп за искачувањето на Еверест а истиот е богат со разни знаменитости, културолошки и природни богатства. 

Тукаможете да добиете целосно туристичко водење низ регионот со најинтересните детали. 

22 Април 2015

За авторот