Наслов

Историски викенд за македонската атлетика

Викендот кој измина беше исклучително успешен за нашите атлетичари.

Дрита Ислами и Јован Стојоски во спортска смисла го одбележаа минатиов викенд. Тие со своите настапи во Наполи (Италија) и Гавле (Шведска) направија големи резултати за македонската атлетика.

Јован Стојоски, на Европското првенство за атлетичари под 23 години во Гавле, стана првиот Mакедонец кој се пласирал во финале на натрепварување од ваков ранг. Тој во финалето на 400м истрча време 47.01 секунда што беше побрзо за една стотинка од неговото време во полуфиналето и доволно за историско шесто место на Eвропско првенство. Покрај дисциплината на 400м, Стојоски беше учесник и во квалификациите на 200м каде што истрча за време од 21.64 секунди.

Дрита Ислами пак беше наша претставничка на Универзитетските игри во Наполи- Италија. Таа во дисциплината 400м со пречки успеа да дојде до полуфиналето каде што постави време од 59.20 секунди што претставува нов државен рекорд. Со тоа таа го поправи сопствениот најдобар резултат и стар национален рекорд за 13 стотинки.
Честитки за двајцата!

15 Јули 2019

За авторот