Искачувајќи го Елбрус со 75 килограми на плеќи

Рускиот кревач на тегови Андреј Родичев се искачи на највисокиот врв во европа Елбрус (5642м.н.в) носејќи тег тежок 75 килограми на своите плеќи. 

Андреј тегот го носел постојано додека се движел за време на потфатот, а при достигањето на целта решава да го остави на врвот како трајно сведоштво за неговиот потфат (логичен потег). Аклиматизацијата траела 8 дена и целиот потфат се одвивал од 17ти август до 6ти септември. Инаку Андреј е раководител во пауерлифтинг федерацијата на Мурманската област во Русија и е вљубеник во планините, во изведување на целиот потфат му помага Александер Сухарев искусен алпинист и инструктор.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија