Нова тешка насока во Пакистан

Наслов

Искачена нова насока на кулата Транго

Полските качувачи на големи стени (big-wall качувачи) Марек Раганович (Marek Raganowicz) и Марцин Томашевски (Marcin Тomaszewski) завршија нова насока на северозападната страна на големата кула Транго, една од најголемите стени во светот.

Bushido

Bushido (VII- A4 VII+) во најголем дел претставува независна линија на десната страна од стената и патоа се спојува со насоката „Гребенот Azeem" (југозападен гребен, која ја имаат качено Кели Кордс (Kelly Cordes) и Џош Вортон (Josh Wharton), во 2004 година) на истот растојание, на околу три четвртини од стената.

Раганович и Томашевски ја качува нивната насока во капсулен стил со четири логори на портлеџ. По фиксирањето јажиња до првиот логор на крајот на осмата должина, обајцата поминаа 20 дена во стената, качувајќи вкупно 46 цуга. Тие качувањето го завршија ноќе во бура, на врвот на главниот југозападен гребен, но сè уште далеку од југозападниот врв на Големиот Транго (околу 6250 m н.в.). Им беа потребни уште два дена да абзелуваат низ насоката.

  • „Послендиот ден од качувањето беше над 24 часа во снежна бура и смрзнувачки студ" рече Раганович. „Абзелите надолу беа еден од најголемите предизвици во нашите кариери. Јажињата бе потполно смрзнати и крти; снег и град ја прекрија опремата. Стигнавме на портлеџот екстремно исцрпени и со само две преостанати јажиња."

Полјаците поставија 21 експанзивен клин на сидриштата и осум спита за осигурување. Раганович тврди дека качувале најмногу лево од насоката на Корд-Вортон, иако е сигурен дека качувале по истата за четири цуга.

Искачувањето на Кордс и Вортон во 2004 година беше смело искачување во алпски стил постигнато со минимална опрема и многу слободно качување. Тие не фискираа јажиња и не носеа опрема за дучење, и го качија гребенот со висинска разлика од околу 2200 m за четири и пол дена, завршувајќи 17 должини над највисоките сидришта што ги беа нашле од претходно обиди. Тие отишле преку југоисточниот врв и завршија опасно искачување, издржувајќи без вода 48 часа.

Polar Sun Spire на Бафиновиот остров

Во април и мај 2012 година, Раганович и Томашевски качија првенстветна насока на северната стена на Polar Sun Spire на Бафиновиот остров, Канада, една од најимпресивните big-wall искачувања на годината. Тие поминаа 24 дена на огромната стена на фјордот Sam Ford

13 Септември 2013

За авторот