Кирковски и Тодоровски се искачија по стандардната рута почнувајќи од вториот висински камп Нидо де Кондорес на 5400 м.н.в, прескокнувајќи го третиот на висина од 6000 метри - Плаза Колера.
„Искачувањето се одвиваше по стабилни временски услови а на врвот имаше ветер до 50km/h и температура околу -30 Целзиусови степени” - вели Кирковски. „Со класична планинарска опрема како дел од аклиматизацијата ми требаа 6 часа и 42 минути, а на Димитар близу 9 часа за искачувањето од вториот висински камп до врвот.” Димитар воедно е и најмладиот Македонец кој го има искачено врвот Аконкагва - 6960.
Останатите наши планинари Маријана Ѓорѓиевска, Владимир Јованоски и Стоилко Стоицев се веќе аклиматизирани и чекаат услови за искачување на врвот.
Очекуваме повеќе информации во следниот период.
Димитар Тодоровски
Александар Кирковски
Нидо де Кондорес - фото Стоилко Стоицев
Запис од движењето