Искачен врвот Исланд од двајца македонски планинари

Вчера, на 29 април рано изутрина Виктор Калаузи и Александар Ивановски успешно го искачија врвот Исланд 6,189 м.н.в кој се наоѓа на Хималаите. 

Битолчаните Александар Ивановски од ПСК „Димитар Илиевски – Мурато“ и Виктор Калаузи од ПД „Водовод“, Битола, вчера изутрина стапнаа на врвот Исланд (Island Peak или Imja Tse) висок 6,189 м.н.в кој е дел од Хималајскиот планински венец и се наоѓа во источен Непал. 

Врвот во 1951 година е именуван од страна на експедицијата на Ерик Шиптон како Исланд (остров) бидејќи гледан од Дингбоче (село во регионот Кумбу) тој наликувал на остров сред море од мраз. Врвот е продолжение на Лхотце, поточно на Лхотце Шар. 

Двочлениот тим ја посети и спомен плочата на Димитар Илиевски – Мурато која се наоѓа на локалитетот Дугла 4,800 м.н.в каде што поставија молитвени знаменца и со ова се вклопија во одбележувањето на 25 годишнината од првото македонско искачување на Еверест. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија