Интервју со Ули Штек за соло искачувањето на Анапурна

За сите, тој е алпинист. И неговото искачување по Јужната Стена на Анапурна веќе е дел од историјата на алпинизмот. Но веднаш вреди да се додаде дека Ули Штек отсекогаш бил, не само сега, качувач каков што секој сака да биде. 

Можеби тоа е затоа што тој не зборува многу, но прави многу. Или можеби затоа што неговите алпинистички искачувања имаат единствен стил, нешто што е лично негово. Важниот факт е тоа дека тој често претпочита да качува сам.

Дека тој прави незамисливи качувања разоружано со едноставност. И тоа дека тој е брз, „суперсонично” брз. Тоа се гледа и во неговото најново искачување по Јужната Стена на Анапурна. Дваесет и осум часа од Базниот Логор до врвот и назад, за да го направи првенственото искачување на директната насока лоцирана меѓу британската и јапонската насока.

Ова впечатливо „патување”, тешко и опасно кое започна во 5:30 на 8 октомври, и по 28 часа искачување и симнување, заврши во 9:30 следниот ден. Потполно сам и, можеби и нема потреба да се додаде, без дополнителен кислород.

„Невозможен” подвиг на кој првпат се обиделе во 1992 година двајцата Хималајски великани Жан Кристоф Лафај и Пјер Беган. Тогаш двајцата француски асови достигнуваат до 7500 м.н.в. но за време на симнувањето, на 7200 м.н.в. се случува трагедија: за да штедат опрема за долгото симнување, Беган прави абзелно сидриште со еден френд.

На половина на абзелот, френдот излетува од пукнатината и Беган фатално паѓа во провалијата, заедно со него обете јажиња и целата железарија. Лафај останува сам на 7200 м.н.в. Следувала осамената борба на Лафај против смртта, и по 4-дневно тешко искушение тој за чудо успева да се повлече од стената, повреден, но сепак жив. И сега, по своите обиди во 2007 и 2008, Ули Штек ја доврши својата велика и визионерска линија.

Тоа го направи сам, по сè изгледа првото соло на Јежната Стена на Анапурна, и правејќи го тоа го вчудоневиди алпинистичкиот свет. Но како што може да се види, од ова интервју со Ули Штек директно од Катманду, ова искачување има далеку поголемо значење за него од било кој светски рекорд.

– Kако прво, можеш ли да ни доловиш некои детали за твоето искачување по Јужната Стена на Анапурна… пред сè „ритамот” и стилот од овие 28 часа во кои качуваше сам…

– Работите едноставно тргнаа на добро. Иако времето беше ОК ветровите беа се` уште силни. На крајот мојот партнер Дон Бови кај бергшрундот реши да не влегува во стената. Сметаше дека е премногу сложено за да се качува без јаже. Тоа е предуслов за насока како оваа. Така продолжив да качувам сам од Бергшрундот.

Најпрвин беше тешко да качувам сам. Но добрите услови ми помогнаа да се фокусирам доста брзо да се фокусирам на самото качување уште еднаш. Нептата се развиваа самите по себе. Имавме депонирано малку опрема на 6100 m н.в. претходно се аклиматитизравме по стената и депониравме јаже, шатор, горилник, малку храна и гориво. Ги зедов шаторот и горилникот во мојот ранец. Не зедов јаже зашто веќе имав едно 6 mm-ско јаже кое го зедов од Напредниот Базен Логор.

Поради намалчување на тежината ја оставив мојата вреќа за спиење прикопчана на клин заедно со дополнителна храна, гориво и јаже. Искачувањето под главниот дел од стената беше релативно лесно. Од 6600 м.н.в. се соочив со ветер кој навеваше паднатиот снег. Тогаш качив кон десно под главниот дел од стената. Сакав таму да го распнам шаторот и да чекам. Или ветрот би се смирил и би можел да проролжам, или само би се симнал со качување надолу следното утро. Но не успеав да најдам пристојно, соодветно заштитено место за за мојот шатор па се симнав малку. На 100 m понатаму најдов една глечерска пукнатина. Совршено место за бивак, каде ќе можам да го распнам шаторот, иако надвор дува ветер, ќе бидам заштитен од виулицата. Сега веќе беше време на јадам и да пијам. Во меѓувреме сонцето исчезна. Сè се смири. Исто како што забележав од Напредниот Базен Логор претходната вечер. Повторно беше исто така.

Брзо стана темни и тивко. Тоа ми беше шанса. Бе сигурен дека ветриштата ќе се појават пак изутрината. Така единствениот начин да се стигне до врвот беше ноќе. Скоро непрекината линија од мраз и фирн се спушташе по главниот дел од стената. Така, наоѓањето на вистинската линија би било возможно. Околу еден час по пристигнувањето во мојот бивак повторно тргнав. Нагоре. На некои кратки секции од мраз и фирн кои се покажаа некако тенки, и на неколку наврати требаше да качувам неколку метри карпа. За изненадување стената не беше навистина вертикална. Само неколку секции со скокови. Тоа продолжи да ми се врти во умот. Реткиот воздух на 7000 метри не е баш „смртната зона”, дури овде можеш да напредуваш доста добро.

Само со студот некако беше мачно. Кога гледа фотографија од главниот дел од стената која ја фотографирав неколку часа пред виулицата, сè што можев да направам е да ги спојам цепините за да спречам да бидам истуркан надолу по стената. Правејќи го тоа испуштив една од перјаните ракавици и ми падна и фотоапаратот. Ноќта требаше да качувам само со моите ракавици за качување. Едната перјана ракавица ја носев наизменично на едната и другата рака, во зависност која ќе беше студена. Главниот дел од стената беше пократок одошто што мислев. Тешко може да се каже за бројот на цугови зашто немав јаже. Но сепак чувствував дека стигнав до горниот дел релативно брзо. Таму за првпат станав свесен каде всушност сум и што тоа значи. И знаев дека тоа беше трка со ветрот. Еден чекор следеше друг. Продолжив а си мислам:

„Сè што треба да направам сега е да се борам уште малку.” И сè така понатаму. Не верував дека стигнав на врвниот гребен. Беше ноќ, ѕвездите беа излезени и наеднаш гребенот се исправи пред мене. Го проверив мојот висиномер, го разгледав гребенот и занев дека сум на највисоката точка. Поминав помалку од 5 минути пред да започнам со симнувањето. Се` уште беше потполно напнато. Мојата цел беше да се симнам од таму, сè до бергшрундот. И тогаш сè ќе биде завршено.

– Ова беше твој трет обид на Јужната Стена на Анапурна. Што ти значи тоа тебе?

– Беше тешко пак да се обидам. Некако мислев и бев убеден дека ќе успеам. Но што ако не успеев по трет пат? Особено по пролетната експедиција, која бе сè, само не успешна.

– Некои ова веќе го опишаа како искачување на деценијата. Како гледаш ти на ова, во твоето искуство на други искачувања.

– Сметам дека овојпат имав среќа, бев добро подготвен и во стената имав едни од најдобрите услови во столетието!

Стана познат како Швајцарската Машина. Како овој прекар ти лежи? И може ли да кежеш нешто повеќе за твојот алпинизам?

– За мене, нешто главно се перформансите. Сакам да качувам насоки кои се тешки за мене. Да се чувствувам потполно потрошен вечерта по качувањето е нешто многу важно. Изгрејсонцето на врвот не е најважниот дел од искачувањето, иако уживам во тоа и во прекрасната атмосфера. За мене качувањето е тоа што е клучно, завршувањето на еден проект. Доста сум амбициозен и сакам да ги истражувам своите граници.

– Ритуалното прашање: што понесе со себе за тие 28 часа?

– 60 м. од 6 мм-ско јаже, 2 цевчести завртки за мраз, 5 клина, неколку карабинера и гуртни. Кука за Абалаков и нож. Шлем, дерези Dartwin, пар бајли Quark, појас. Перјана јакна и јакна полнета со Primaloft. Дебели подракавици и перјани ракавици. Очила за сонце, и визир. Горилник, шатор. 1 боца гасно гориво. Сателитски телефон, крема за заштита од сончеви изгореници. Челна лампа и резервни батерии. И прибор за прва помош. 6 енергетски чоколади, 6 енергетски мешавини, 2 Perronin-и и 100 грама сирење.

– Друго ритуално прашање: дали мислеше дека ќе успееш?

– Кога ми падна едната перјана ракавица надолу по стената станав малку несигурен во тоа дали ќе успеам.

– Што мислеше кога пристигна на врвот?

– Беше смешно, забавно. Некако, како да, нема веќе што да е качува, сè што можев направам е да слезам. Така и беше, па почнам да се симнувам.

 – Од 1 до 10, колку ризикуваше? И колку ти беше забавно и колку страдаше?

– Забава: 8. Страдање: 5. Ризик: 7.

– Се издвои од толпата и не објаввуаше скоро ништо за време на искачувањето. Само една ЅМЅ-порака ок Катманду, една ЅМЅ-порака од 5000 м.н.в. и (многу кратка) ЅМЅ-порака по искачувањето. Беше ли ова свесна одлука и, ако е така, зошто?

– Тоа е доволно. Се обидов да се фокусирам на качувањето колку што е можно повеќе. Тоа е она во уживам да го правам. Точно е, имам спонзори кои ми овозможуваат тоа да го правам. А тие очекуваат од мене нешто за возврат. Но Анапурна ја качив само за мене. Тоа е многу себично, и можам да кажам дека беше моето најголемо искуство. Имав брилијантна екипа која ме поддржуваше. Дон ми ја овозможи приликата да се обидам. Беше неверојатно.

– Што треба луѓето да кажат за ова искачување? Што би сакал да напишеш?

– Нема потреба ништо да се пишува за ова…

– Како што вети, твоето гледиште за иднината на алпинизмот: убавите и грдите аспекти.

– Хммм, тоа е тешко прашање. На крајот на денот секој треба да одлучи за себе за тоа како и што сака да прави. Не можете да споредите искачувањето на големи надморски височини, со слободното качување. Кое е повредно? Фактот што е битен е дека едноставно не е битно. Секој треба да одлучи за себе и како сака да качува. Јас прекинав да размислувам за тоа. По тоа што се случи пролетта сега имам свој став ама го чувам за себе.

– Често се вели дека качувачите, вендаш откако ќе постигнат некоја цел, пред себе веќе гледаат нова цел, нова стена, нови планини. Дали е ова точно и за тебе? И што најмногу осакуваш?

– Мојот внатрешен оган повторно гори. Беше скоро изгаснат по Еверест. Сега е повторно разгорен, во потполност. Ова ме прави среќен и мислам дека започнувам да ја наоќам забавата повторно во животот.


Интервјуто со Ули Штек за planetmountain.com