Индија назначи министер за јога

Откако викендов беше направено освежување во конфигурацијата на индиската влада, премиерот Нарендра Моди назначи и посебен премиер, односно цело министерство стриктно задолжено за јога, ајурведа, хомеопатија и неколку други останати алтернативни и традиционални медицини. 

Владата формираше посебно AAYUSH (Ayurveda, yoga, naturopathy, Unani, Siddha and homeopathy)  министерство задолжено за ајурведа, јога, натуропатија, Унани медицина, филозофијата Сидха и хомеопатија, а прв министер назначен на едно вакво биро е Шрипад Јесо Наик 

Министерот отсега независно ќе го води AAYUSH бирото кое досега беше дел од министерството за здравје. 

Индискиот премиер Моди кој долги години е стриктен вегетаријанец и редовно практикува јога во последно време дава огромен акцент на овие индиски техники низ неговите говори ширум светот. 

Тој вели дека јогата како една од најважните древни медитативни техники заедно со останатите методи на вежбање и лекување се исклучително важен аспект од индиското општество и дека секој човек треба да ги практикува. Практикувањето на јога му помага на човекот да пронајде чувство на единство во себеси, со светот и со природата, – вели Моди. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија