Имај „муда”, вози и во темница!

За жал, тргнувајќи од нашата сè уште ниска култура за возење и користење на велосипед како градско превозно средство (со чест на бројни исклучоци, но повеќето не се баш такви), мудава можеме и мораме да ги толкуваме на два начини. Првиот – можеби навистна треба да имаш муда за да возиш точак, чак и преку ден, а за во темница да не праиме муабет. А ако веќе имате еден пар (без разлика машко-женско) еве ви уште еден за да ви светат. 

Всушност, тоа е и првичното објаснение од производителот зошто ви треба уште еден пар муда (што светат):

Во ера на многу некултурни, невнимателни и слабо сконцентрирани возачи на автомобили и други моторни средства, велосипедите се на огромен ризик. А има ли подобар начин да станеш подобро забележителен за остантите учесници во сообраќајот од тоа да имаш пар мадиња закачени позади твоето велосипедско седиште. 

Следи детално објаснување:

Ги закачуваш 

Ги палиш

Одиш на корзо и ги мафташ

Ги ладиш

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија