Илиев и Ивановски со одлични резултати на 5000 метри

Одлични настапи и постигнати резултати на Димитар Илиев и Дарио Ивановски на Балканското првенство за младинци кое се одржува од 4-5 јули во Питести, Романија.

Тие завршија на 9то и 10то место, и со својата возраст од 18 години настапија во дисциплината 5,000м и постигнаа неверојатни – 15мин 56сек. и 15мин 58сек.  со што покажаа дека во моментов се огромен потенцијал на Македонската атлетика. Во изминативе 5-6 години само Милош Ранчиќ и Кокан Ајановски имаат постигнато подобар резултат од нивниот – 15мин. 38сек. и 15мин. 41сек. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија