Игор Василевски со одличен резултат за екипата “Нова Италија”

Игор Василевски член на Младинскиот Велосипедски Клуб – Велес, кој моментално настапува за екипата на “Нова Италија” од Болоња имаше одличен резултат минатата недела освојувајќи го третото место на велодромските трки во Центо.   Натпреварите се возеа на Велодромо ди Центо, Велодромо Атилио Павеси. 

Игор во Италија настапува во повеќе дисциплини во категоријата Јуниори, а минатата година беше победник на купот на Македонија 2014 истотака во категорија Јуниори. Годинава заради обврските за велодромските тркиво Италија не успеа да се појави на Државното друмско првенство на Македонија, но се очекува во Септември да настапи на некој од натпреварите во Македонија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија