Игор Трпковски со успешен велосипедски „Еверестинг” на Водно

Со извозени вкупно 13 пати до врвот на планината Водно, овој викенд велосипедистот Игор Трпковски успеа да го направи првиот успешен велосипедски „Еверестинг” на македонска територија. 

Игор Трпковски е хоби велосипедист од клубот Macedonian Bike Riders кој овој викенд во текот на скоро 30 часа со својот маунтинбајк велосипед успеа да го искачи и спушти врвот на Водно 13 пати и да го направи првиот велосипедски „Еверестинг” на македонско тло. 

Вкупните бројки кои успеа да ги постигне Игор се 283 километри со 9162 метри висинска разлика – нешто повеќе од висината на Еверест што е и целта на т.н. подвиг „Еверестинг”. За истиот беа потребни севкупно 29 ипол часа или просечно околу 9.5km/h, а за време на возењето тој имаше поддршка од неговите пријатели. 

Досега ваков подвиг со велосипед не бил остварен во нашата држава. На Водно пред неколку месеци Марјан Бонев направи Еверестинг но со трчање, а пред неколку години Горан Кузмановски направи фантастичен велосипедски резултат но на Копаоник во Србија. 

ГПС записот можете да го погледнете тука, а во очекување сме да ја видиме и евалуацијата на подвигот на Игор на официјалната „Еверестинг” страна

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија