Наслов

Игор Талевски со финиш на „НортКејп 4000”

Вчера на 09.08.2018, после 12 дена и изминати над 4200 километри, на најсеверната точка од Европа финишираше ултра долгиот велосипедски предизвик за нашиот претставник Игор Талевски. 

Норт Кејп 4000 претставува ултра велосипедски предизвик со целосно самоодржлив концепт. Истиот се одржува во летниот период (јули-август) со старт од градот Арко и езерото Гарда во Италија а финишот е на најсеверната точка од европскиот континент Северен 'Рт. Трасата е долга 4200 километри и минува низ дел од Австрија, Баварија, Чешка, Полска, Литванија, Летонија, Естонија, Финска и Норвешка. 

Учесниците имаат неколку контролни точки кои се задолжителни за минување, а помеѓу тие точки, тие се оставени комплетно самостојно да ја извозат авантурата низ половина Европа. Во целото движење, тие се потпираат единствено на нивниот велосипед и опрема кои ги носат, а надворешната помош е забранета. Единствено од Талин до Хелсинки тие имаат право на користење фериброд. 

Организаторите имаат обезбедено ГПС уред за следење на учесниците во нивното движење, кое према правилата, нема временска рамка за финиширање. Но сепак, логично е да се размислува дека никој не би сакал да го фати есен во Норвешка, па затоа движењето е континуирано, долго и со мали попатни паузи за одмор и храна.

На Игор му беа потребни 12 дена 17 часа и 30 минути со што го заврши предизвикот на 10 место. За комплетирање на рутата му беа потребни просечно 350 километри возење на ден. 

Пред крајот на рутата

Прв на целта стигна Иан Вокер со време од 11 дена 10 часа 43 минути. 

Ова лето, Игор истотака учсетвуваше во слична ваква трка во Хрватска насловена како „ХардКро”. 

Игор можете да го следите на CyclingInCeleste, ФБ страна откаде се земени дел од фотографиите. 

Останатото е од официјалните фотки на Норт Кејп 4000.

10 Август 2018

За авторот