На меѓународниот турнир „СОЛИДАРНОСТ ОПЕН 2014“

Идризи со дупла круна во кати и борби

Во недела, 01 јуни 2014, во Скопје се одржа еден од попрестижните карате турнири „СОЛИДАРНОСТ ОПЕН 2014“. На овој турнир учество зема и двократниот балкански првак Абдурахим Идризи кој ги освои двете први места во кати и борби.

Во недела (01.06.2014) во Скопје се одржа еден од појаките карате турнири “СОЛИДАРНОСТ ОПЕН 2014” каде што учествуваа околу 300 натпреварувачи од повеќе балкански земји.

На овој турнир учествуваше и двократниот балкански првак Абдурахим Идризи кој ги освои двете први места во кати и борби и со тоа покажа дека подготвено го пречекува Балканското првенство кое се одржува за две недели во Истанбул Турција.

“Овој турнир ми дојде како тест за Балканското првенство за кое интензивно се подготвувам и атакувам трет пат по ред да ја освојам оваа титула, инаку и во кати не изостанувам со подготовките.”