МЕЃУНАРОДЕН КАРАТЕ ТУРНИР „ПАЛАНДОКЕН КАРАТЕ 2014“ ЕРЗУРУМ ТУРЦИЈА

Идризи и Форца успешно ја претставија Македонија

Минатиот викенд во Ерзурум Турција се одржа големиот меѓународен турнир „ПАЛАНДОКЕН КАРАТЕ 2014“, каде што учествуваа 2500 спортисти од 25 земји, а во ниедна категорија немаше помалку од 30 натпреварувачи. На овој турнир К.К. „Форца“ успешно ја претстави Македонија. 

Во склоп на К.К. „Форца“ учествуваше и двократниот балкански првак Абдурахим Идризи кој првиот ден се натпреваруваше во кати каде што во конкуренција од 35 натпреварувачи стигна до финале и го пречека балканскиот и турски првак Јусуф Кара. Иако Идризи одлично ја одработи катата, загуби тесно и мораше да се задоволи со сребрен медал.

Утрешниот ден беше позбудлив затоа што почнаа натпреварите во кумите. Идризи во силна категорија со деца родени една година повозрасни, доживеа пораз уште во првото коло, меѓутоа, во репасажот имаше 3 победи и го освои одличното трето место.

Покрај Идризи, клубот беше представен уште со тројца натпреварувачи, Еркан Љусјани кој стана трет, Усаме Бајрами и Верона Ајдини кои се вратија без пласман.