Oсвоени титулите Европски и Светски Шотокан првак

Од 5-тото Европско Шотокан првенство и првиот Светски Шотокан куп кое се одржа во Бурса, Турција се вратив со 5 медали.

Вкупно се закитив со пет медали и тоа, 3 златни медали, 1 сребрена и 1 бронза. 

Се натпреварував во категорија од 12-13 години до 35 килограми во дисциплините кумите ВКФ, кумите ШОБУ ИПОН и кати, а се пријавив и на двете натпреварувања. 

Станав првак на WORLD CUP WKF, WORLD CUP SHOBU IPON и EUROPIEN SHOBU IPON, додека сребрен медал добив за KATA EUROPIEN WKF, а бронзен за KUMITE EUROPIEN WKF. 

Тоа значи дека сега станав европски и светски освојувач на светскиот куп на WSKU верзијата во мојата категорија.