Балканско првенство за деца од 11 до 14 години во Истанбул, Турција

Наслов

Идризи атакува по трета балканска титула

На 14 и 15 јуни 2014 година во Истанбул, Турција се држува 19тото Балкснско првенство во карате за деца од 11-14 години. Двократниот балкански првак Абрудахим Идризи по трет пат ја брани титулата балкански првак.

Прв пат Балкански шампион во 2012 година во Херцег нови, Црна Гора

Во јануари оваа година тој успешно ја бранеше титулата „Гранд При - Хрватска“, понатаму следуваа успесите во Сараево и Скопје, а во Кавадарци тој по трет пат стана државен првак каде што се стекна со правото да ги брани репрезентативните бои.

„Се чувствувам подготвен за Балканското првенство. Нормално е дека имам и емоции, меѓутоа, после напорната работа што ја имав со мојот тренер Муарем Имери, со право очекувам да ја одбранам титулата во кумите, а истовремено ќе атакувам и по титулата во кати.“

Втор пат Балкански шампион во 2013 година во Крагујевац, Србија

08 Јуни 2014

За авторот