Ибра и 5-те *****

Ѕвездата на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ секојдневието во хотелската соба ќе го замени со луксузот кој го нуди вилата Версалис, пренесуваат италијанските медиуми.

Напаѓачот кој пред три месеци се пресели во редовите на ПСЖ, ќе плаќа 40 000 евра месечна кирија која му гарантира сигурен сон.                                                                                       Откако 90 дена ги користеше услугите на Хотел Интернационaл во Парис, поранешната фудбалска ѕвезда на Милан, Барселона, Интер, и Јувентус реши со својата вереница да потроши дел од парите за изнајмување на преубава вила.

Хелена(неговата идна жена) изјави дека е презадоволна што успеале да најдат вила и покрај најавите дека двојката сака да купи Хотел со кој покрај тоа што ќе заработуваат дополнително, ќе можат и да развијат фамилијарен бизнис кој би значел многу за нивните наследници.
Ибрахимовиќ е еден од најплатените фудбалери во Францускиот шампионат па доколку Вилата му се допадне, може слободно во иднина да премине во негова сопственост.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија