Екологика

И тогаш, интернетот стана зелен…

Надвор убаво, сончево, погодно за позитивна еко сторија – Kако интернетот станува чиста алатка за кликање низ целиот свет.

Интернетот е еден од најважните алатки кои се создадени од луѓето. Тој е како нервен систем на човечката популација, овозможувајќи на секој човек од било каде да комуницира веднаш со било кој друг кој е вклучен на мрежата, и во исто време да има пристап до целата сума на човечкото знаење.

Но, иако е неверојатно позитивно отркитие, интернетот може да биде многу подобар од тоа што е денес, со намалување на загадувањата кои се создаваат при неговото работење. Бидејќи најголемиот број на интернет сообраќај се одвива во огромните дата центри на неколку големи компании, прегледот на што тие прават за да го намалат своето еколошко влијание е добра слика за колку интернетот е „зелен“ или не.

Дружината од Гринпис имаат направено многу интересен извештај со кој се согледуваат баш тие работи.

За дата центрите низ светот да работат, им треба енергија, многу енерија. Ако се спореди интернетот со државите во светот, тој би бил 6ти по користење на електрична енергија. Затоа најголемите интернет компании се фокусирани кон „зазеленување“ на своите дата центри со користење на чисти извори на енергија.

Apple, Google и Facebook со нивните интернет услуги се „најзелени“, кои забрзано ги повлекуваат и останатите да користат чиста енергија.

илустрацијата од Гринпис подолу кажува многу…

Apple е лидерот со 100% чисти извори за потребите на енергија за својот iCloud и iTunes и во нивна чест, видеово…