И спортистите доаѓаат во различни пакувања

И покрај тоа што најчесто спортистите се олицетворение на згодни и секогаш добро извајани тела, и во оваа категорија на луѓе како и кај сите останати постојат различните природни облици, облини и разлики. Убаво е да се прифатат овие и сите други разлики. 

 

Годишните изданија на магазинот на ESPN, Body Issue досега најмногу беа полни со „Тела какви што посакуваме”, но оваа година во неговите шест изданија тоа е дополнето и со спортисти кои имаат на свој начин „различни”, но сепак убави тела.

Идејата е да се прикажат сите различности на човековото издание кои ние луѓето е убаво да ги прифатиме бидејќи не е толку важно каков облик имаме, многу поважно е како тоа го користиме. Користете го вашето тело активно и бидете задоволни бескрајно.

Аманда Бингсон која се натпреварува во фрлање на кладиво вели:

  • „Да бидам искрена, си го сакам секој дел од моето тело. Може вие сте послабички и поубави од мене, ама ќе ви го исплескам газот еден на еден.”

 

сите насловни ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија