Хвар Полумаратон 2014

Трчањето на преубавиот Хвар е доживување само по себе кое дава екстра енергија со погледот на магичниот Јадран како и опојните мириси на лаванда и рузмарин.

Почетокот е во Стари град, а целта во марината на Хвар (плоштадот со калдрма) и се трча по стариот пат. Специфицноста која што дава посебен предзвик на овој полумаратон е тоа што првите 11км се исклучиво нагоре, понекаде до 10% а вториот дел од 10км е исклучиво надолу, исто така до 10%. По минатогодишното релаксирачко трчање се пријавив и оваа година, во очекување на опуштен полумаратон.

Инаку Хвар е познат по тоа што има најголем број на сончеви денови во текот на годината и речиси никогаш не врне. Временски услови на почеток супер, ведро и сончево при температура од 30 степени. Некаде на 5км после почетокот одеднаш надоаѓаат облаци па си помислив добро што нема да пече сонцето и ќе биде попријанто за трчање.

Околу 8км, наближувајќи се на највисоката точка од стазата, облаците стануваат се пониски и помодри за на околу 9км да почне интензивен пороен дожд, пропатен со олуен ветар и град, при што временските услови се менуваат драстично во споредба со оние на почетокот од трката.

Личен впечаток е дека температурата за кратко време беше падната под 15 степени т.е. дупло помалку од почетната линија. Се разбира дека сите учесници беа скроз мокри, но мислам дека ниту еден не се откажа. Невремето траеше со полн интензитет околу половина час по што се смири и крајот на трката беше без дожд.

Личниот резултат ми е подобар за 15 минути оваа година или 2ч00м34с.

Резултати се очекуваат наскоро на http://www.hvarmarathon.com/