Хуманитарен Евертон

Фудбалерите на Евертон се разголеа за добротворни цели. Инспирирани од еротската триологија на Е.Л.Џејмс, голманот Тим Хауард, Кевин Миралас, Фил Невил и Маруан Фелаини прифатија да бидат главни актери во календарот именуван како „12 Shades of Blue“, кој ќе биде достапен од 22 ноември по цена од само 10 фунти.

За прв пат клуб од Премиер лигата се впушта во ваков подвиг, иако дечките од Евертон се познати по нивните иновативни начини за собирање пари за хуманитарни цели.

Парите од продажбата ќе бидат донирани во добротворни цели, во време кога клубот сезонава 2012/2013 ја слави 25 годишнината од своето постоење. 

Амбициозниот подвиг е да се соберат еден милион фунти за помош на ранливата категорија граѓани од Merseyside. Добротворната организација на Евертон е најреспектабилна во Британија затоа што клубот лансираше розево лимитирано издание на дресови за поддршка на кампањата за борба против рак на дојката.