Гугл за еден од фундаменталните принципи на олимпизмот

Пред свеченото отварање на 22те Зимски олимписки Игри кое треба да се случи вечерва во Сочи, интернет гигантот Гугл многу бистро го изјасни својот став околу сексуалните определби и спортот.

 

Од вчеравечер, под најпознатото квадратче за пребарување на интернетот стои четвртиот цитат од седумте фундаментални принципи кои спаѓаат во олимписката повелба:

  • „Спортувањето е човеково право. Секоја индивидуа мора да ја има можноста за практикување на некаков спорт, без никаква дискриминација од било каков тип и во соодветното олимписко расположение, за што се потребни взаемно разбирање во духот на пријателството, солидарноста и ферплејот.

Ова претставува одговор од страна на Гугл за руската анти-геј легислатива која што беше потпишана од Владимир Путин минатата година, а која треба да стапи во сила за време на Игрите во Сочи каде што се предвидени казни за оние кои ќе шират „пропаганда за нетрадиционални сексуални односи“ на малолетници, па дури и се предвидени пенали за оние медиуми кои ова ќе го пуштат во етерот.

Овој цитат е дел од олимписката повелба која претставува основниот законик за организирање на едни олимписки игри според кои мораат да се следат препишаните правила и фундаментални етички и морални принципи.

Додатно, традиционалната колор шема на логото на Гугл беше променето каде што боите беа распоредени како виножито, симболот кои ги претставува индивидуите со хомосексуална определба.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија