Гугл се смести и во патика

Компанијата Гугл, во соработка со Адидас на конференцијата за нови технологии SXSW 2013 во Тексас, извадија многу кул патика која покрај шизичкиот изглед, знада зборува со цел да го мотивира и активира својот газда. Погледнете за што станува збор!

Овој експеримент на Гугл е наменет за да ја потенцира новата платформа за рекламирање наречена Уметност, Копија и Код (Art, Copy and Code), а не за комерцијална продажба. 

Односно, како што се изјасни Аман Говил за АБС во САД “Овие патики се создадени за да прикажат дека денес и објектите можат да раскажуваат приказни на веб”.

Значи, патиките можат да кажат дали и што прави (или не прави) газдата во моментот, а информацијата да се пренесе до неговиот смартфон преку комуникаторот кој се наоѓа во јазикот на патиката. 

Во патиката има мал компјутер, акцелерометар, сензор за притисок, жироскоп и Bluetooth.

Како и другите гаџети за фитнес, така и овој е наменет да собира информации за вашата активност и да ве предупредува кога не сте доволно активни. 

Ова е навистина новитет, но во време кога моќниот смартфон (кој е потребен да функционира патиката) е способен за многу работи, некако се губи поентата на патиката што зборува. Но поентата на Гугл е да демонстрираат дека и патиките можат да станат еден вид смартсникер и да функционираат како контраши на смартфоните. 

Според Говил, инаку главната адвертајзинг фаца на Гугл, преку податоците кои ги собира патиката, преведени со логички алгоритам, може да и се даде персоналитет.

Како и да звучи ова, сепак патика си е патика! Можеби некогаш подобро тивка, отколку дрдорка…