Гугл Мапс ќе разработува уште скијачки центри

Бидејќи лутањето по огромните скијачки ресорти со отворена мапа на -5, плус ветерот -10 степена, се со цел да го најдете проклетото бачило и да се земе здив знае да биде незгодно искуство, Гугл Мапс решија детално да ги обработат и овие делови на Земјината топка па скијачите ќе си имаат помалку мака со ориентацијата.

За Гугл, обработувањето на информации од скијачки резорти не е новина бидејќи во 2010 година на ЗОИ во Ванкувер беше лансирана Google’s Street View snowmobile која ја имаше првата улога на воајер низ скијачките падини.

Сега, Гугл ја проширува опцијата со додавање на нови 38 нови мапи и скијачки рути кои ќе бидат достапни на Гугл Мапс за уживателите на зимските спортови преку апликациите за Андроид и Ајфон.

Гугл планира да и понатаму да го шири бројот на опфатени скијачки центри со што ќе се мапираат сè повеќе скијачки рути и ски-лифтови на различни центри.

Еве детална листа на мапираните скијачки центри