Наслов

Гугл дава неточни информации за слабеење

Пребарувањето податоци и совети за слабеење низ интернет (на англиски јазик) во најголем дел од случаевите ве наведува на несоодветни извори или комерцијални сајтови. 

Без разлика на темата која се пребарува на интернет, првите понудени линкови што ги добиваме пред нашите очи се и најкликаните, со околу 90 проценти од кликовите.

Така, првата страна на листата која излегува со секое пребарување на интернет пребарувачите често е и основната врз која човекот се потпира во неговото пребарување, иако сега се докажува дека токму таа нуди најмалку потковани и поткрепени резултати или сомнителни препарати и методи кога се работи за слабеењето.

Ова важи кога се пребаруваат термини од оваа тематика на англискиот јазик, откако беше направено едно истражување и споредување на линковите т.е. информациите во линковите кои излегуваат на Гугл. Најчесто вебсајтовите од првата страна се полни со субстандардни информации кои се несоодветно поткрепени со факти или претставуваат комерцијални сајтови кои си рекламираат некои нивни продукти за слабеење. 

Во истражувањето направено било пребарување со зборовите weight loss или lose weigh (најчесто користените зборчиња за пребарување за оваа тематика), а Гугл го докомплетирал пребарувањето. Сајтовите и линковите кои излегувале на првата страна потоа биле оценувани според поткрепеноста со медицински извори и линкови.

Од добиените линкови, само една петтина имале содржина која во повеќе од 50 проценти била соодветна и научно поткрепена, додека скоро ниеден линк не му посветил внимание на сите фактори кои се важни на слабеењето.

20 Ноември 2014

За авторот