Наслов

Големата пријателска одисеја

Од 2005 година па наваму некаде во јануари се одржува најтешката трка на санки со кучиња La Grande Odyssée Savoie Mont Blanc. Трката се протега во должина од 900км. низ француските и швајцарските Алпи и претставува огромен предизвик за секој натпреварувач и неговите верни сопатници.

За време од две недели учесниците кои имаат придружба од само нивните 14 кучиња се натпреваруваат со самите себе, природата и часовникот поминувајќи низ регионите Савоие и Хауте Савоие во Франција и Швајцарија. Низ огромните 900 километри што треба да ги поминат тие се борат и со огромните висински разлики и варијации кои сумирано низ целата патека изнесуваат повеќе од 25,000 метри. Трката поминува низ 24 ски центри низ овие држави и привлекува огромно внимание од публиката и медиумите.

Трката овој период е во тек и можете да ја следите ТУКА

 

 

 

 

 

 

10 Јануари 2015

За авторот