Наслов

Годишен НаТочак извештај за 2013 година

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 26.02.2014, иницијативата НаТочак го финализираше својот годишен извештај за 2013 година.

Ве известуваме дека на ден 26.02.2014, иницијативата НаТочак го финализираше својот годишен извештај за 2013 година.

Годишниот извештај ја сумира работата на неформалната група граѓани која беше фокусирана на градење институционална соработка со цел подобрување на состојбата на велосипедската инфраструктура и поддршка во организирирањето на Критичната маса во Скопје.

Извештајот е објавен во форма на инфографик (погледни подолу) и детална и проширена писмена верзија, а во себе содржи повеќе точки: работни акции (мапирани неправилности на 92% од велосипедската мрежа во Скопје, испратени 28 пријави за вело-недоследности пратени до град Скопје и сл.), соработки со институции (Град Скопје, општина Центар, Јавно претпријатие Улици и патишта за четири вело категории), иницијативи (изработка на правилник за стандардизација за изградба на велосипедски патеки, статистика за уделот на велосипед како превозно средство во вкупниот сообраќај и сл.), настани, финансии, критична маса (извозени 12 критични маси со вкупно 3.725 учесници и извозени вкупно 125 километри), односи со јавност и соработки со организации и креативци.

Иницијативата НаТочак беше започната во април 2012-та година од страна на група ентизијасти - точакољупци со цел подигање на свеста за велосипедот како урбано превозно средство и негово издигање на ниво на рамноправен учесник во сообраќајот во Скопје. НаТочак е исклучиво самофинансирана иницијатива каде сите приходи доаѓаат од учесниците на Критична маса.

Со почит,
Неформална група велосипедисти - НаТочак

27 Февруари 2014

За авторот