Наслов

Го сретнавме Килиан на Мон Блан

Да го сретнеш убедливо најдобриот планински тркач некаде на 4300 метри над морето, а под врвот Мон Блан - бесценето.

Тоа е таа екипа - Јас, Алек, Килиан, Кобра, Марија, Kире, Деки, Алек2, Делов

Минатата недела нашата екипа составена од 8 души направи успешно минување на масивот Мон Блан преку истиомената највисока точка од италијанска према француска страна. Во текот на симнувањето имавме чест да се сретнеме и фотографираме со најдобриот планински тркач на светот кој досега има постигнато сериозно ненадминливи резултати во доменот на трчањето, планинарењето и ски-алпинизмот - Килиан Жорнет. 

Килиан дента правеше висински тренинг искачувајќи го Мон Блан два пати во текот на 12 часа од две различни рути - класичната од кај Де Гуте и од онаа откаде ние качувавме - италијанската рута од домот Гонела. 

Вистинска чест беше да се ужива во прекрасниот ден кој беше збогатен со запознавање на едно уникатно атлетско име. 

п.с. - очекувајте повеќе за оваа авантура наредните денови преку видео и текст

12 Јули 2016

За авторот