Гласајте за македонското (хардкор) девојче

Иако фото-натпреварот The North Face 2014 Ski & Snowboard Photo Contest трае уште 4-5 дена, ние да си направиме напор за во случај да не испадне ко со Перо, па да се чудиме. Ако ништо друго гласајте си од ќеиф, за македонскиот иницијатор оваа фотографија да отиде на ова натпреварување, за нашата хардкор девојка која што се гледа дека кине, за нашата преубава планина на која е бордано и многу блискиот комшиски фотограф кој што си ја завршил работата како што треба.

Фотографијата е оваа горе што ја гледате, а муабетот е следен:

Работилница ооо дава иницијатива оваа фотографија која е направена на 26ти јануари 2014 година на Попова Шапка да биде испратена до фото натпреварувањето организирано од Норт фејс и Тетон, и за чудо, авторите на ремек делово Елена Диновска и фотографот Арбен Ислами од Snow Njeri Косово се согласуваат.

Па еве, гласајте со тоа што ќе удрите еден лајк и ќе шернете, нема да ве заболи, а башка фоткава грми, признајте!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија