Критички осврт на книгата „Спортските гени“ од Давид Епштајн

Генетските неправди во светот на спортот

„Елитниот спорт е натпревар помеѓу атлети кои имаат нееднакви генетски предиспозиции и природни способности.”

Кон крајот од книгата „Спортските гени” (“The Sports Gene“), Давид Епштајн (авторот) оди во далечните делови на Финска да посети човек по името Ееро Мантиранта (Eero Mäntyranta). Мантиранта живее во мала куќа до езеро, до боровите шуми блиску арктичкиот круг. Тој е во неговите седумдесети. Од него постои статуа во локалното село. „Сите работи околу овој човек имаат некоја тежина,” пишува Епштајн.

„Бабурестиот нос во средина на округлото лице. Неговите дебели прсти, широка брада и крупни гради прекриени со црвен плетен џемпер на кој е исцртан ирвас низ средината. Неговиот изглед е извонреден.” Она што е најмаркантно е бојата на неговото лице. Таа е „некоја нијанса на кардинално црвена, на места со лила точки” а евоцира на „нијансата на црвено која доаѓа од земјата богата со железна руда во овој регион.”

Мантиранта носи ретка генетска мутација. Неговата ДНК има аномалија која предизвикува неговата коскена срцевина да хиперпродуцира црвени крвни зрнца. На ова се должи бојата на неговата кожа, но исто така и неверојатната кариера како професионален крос кантри скијач. Во крос кантри скијањето, натпреварувачите се туркаат преку огромни далечини, физички предизвик кој става огромна побарувачка на способноста црвените крвни зрнца да достават кислород до мускулите.

Мантиранта, поради неговата уникатна физиологија има околу 65 проценти повеќе црвени зрнца од просечниот возрасен маж. На Зимските Олимписки игри 1960, 1964 и 1968 година тој освои вкупно седум медали, три златни, два сребрени и два бронзени, а во исто време победи на две светски првенства во трките од 30 километри. На Олимпијадата 1964 година на 15 километарската трка тој завршува прв со цели 40 секунди пред второпласираниот, разлика, вели Епштајн, „никогаш постигната на претходните ниту пак достигната на следните Олимпијади.”

Во книгата „Спортските гени” постојат безброј вакви приказни како оваа, примери на сите начини на кои славните спортисти се поинакви од сите нас останатите. Нивните тела одговараат поинаку на тренинг. Обликот им е оптимизиран за специфични атлетски активности. Тие носат гени кои ги ставаат далеку понапред од просечните спортисти.

Кога гледаме некој професионален спортски натпревар, тогаш, тоа е битка помеѓу луѓе кои се со огромни разлики, кои се приближуваат на стартната линија со нееднакви комбинации на генетски предизпозиции и природни способности. Таму ќе бидат луѓе како Доналд Томас кои ни малку не треба да тренираат, или како Ееро Мантиранта кои во нивната крв од некаква глупава генетска среќа ја носат способноста да завршат 40 секунди пред конкуренцијата.

Елитниот спорт обезбедува, како што вели Епштајн „извонредна сцена за фантастично изложба како што е човечкиот биолошки диверзитет.” Таа изложба го прави спортот фасцинантен. Но, во исто време професионалното натпреварување е отежнато со оваа контрадикција.

Сакаме спортот да биде фер и превземаме мерки да се осигуриме дека ниеден натпреварувач не е во предност пред било кој друг. Но, како може така фантастична изложба некогаш да биде натпревар помеѓу еднакви?


Критика на Малком Гладвел за книгата „Спортските гени” од Давид Епштајн

Сите четири страни тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија