Наслов

Фрушка Гора 2017 - одлично претставување на нашите планински тркачи

Изминатиот викенд во националниот парк „Фрушка Гора” се одржа традиционалното 40-то издание на Фрушкогорскиот планински ултрамаратон, еден од најстарите во регионот. Македонија ја претставија повеќемина тркачи на различни дистнци, а голем број од нив и направија одлични резултати и подиуми. 

Фрушкогорскиот планински ултрамаратон е еден од најстарите и најмасовните планинарски настани на балканот. Истиот редовно се одржува од 1978 година и се до 90-те години на минатиот век манифестацијата носела назив „25-мај”, а најдолгата дистанца секоја година растела за еден километар во чест на годините на Јосип Броз Тито. 

Денес манифестацијата се уште е во организација на ПСД Железничар од Нови Сад, а маратонот го има задржано автентичниот дух од тогашните времиња. Учесниците имаат можност да одберат еден од осумте маратони со различни дистанци и да уживаат во питомата природа на фрушкогорските шуми, манастири и излетнички места. 

Од Македонија на ова 40-то издание се приклучи поголема екипа од 25 тркачи кои настапуваа на повеќе дистанци. Нашите претставници успеаја да се прикажат во одлично светло и да освојат 4 први, 2 втори, 3 трети. 

Првопласирани беа:

Александар Симјаноски - Ултрамаратон 107км
Мартина Милева - Велики Источни 81км
Игор Јовановски - Велики Источни 81км
Тања Пенева Здравева - Средни Источни 59км 

Второпласирани беа: 

Катерина Николовска - Велики Источни 81км
Сања Најдовска - Средни Јужни 49км

Третопласирани беа:

Александра Ѓорѓиевска - Велики Источни 81км
Светлана Стојановска Ивановска - Ултрамаратон 107км
Љубиша Андреиќ - Ултрамаратон 107км  

Сите резултати може да се погледнат на следниот линк 

25 Април 2017

За авторот