Фрли се ако ти фали адреналин!

На луѓето им е сè потешко да пронајдат возбуда во секојдневните работи кои ги опкружуваат па затоа бараат што поголеми предизвици за да се почувствуваат живи. Епа ако сте дел од тие луѓе, ако имате можност и желба, еве ви неколку локации низ светот за да го вивнете адреналинот нагоре додека паѓате надолу. 

1. BASE скокови на New River Gorge Bridge, САД
Ако успеете да стигнете до овој мост на третата сабота од месец Октомври, тогаш ќе го начекате спектаклот ”Денови на мостот” кога доаѓаат голем број на луди летачи. Оваа форма на летање вклучува падобран кој се користи за да се скока од фиксни објекти како згради, кули, карпи и мостови.

2. Банџи скокови на Викторините водопади, Замбија/Зимбабве
На границата помеѓу овие две држави ќе налетате на спектакуларните Викторини водопади. Именувани по кралицата Викторија, ова е една од точките во светот каде најмногу се скока. Одете во ноември кога реката Замбези е надојдена, бидејќи тогаш брзаците се најдобри.
 

3. Skydiving над езерото Таупо, Нов Зеланд
Регионот каде што се наоѓа ова езеро е еден од последните вулкански активни места во Нов Зеланд. Вулканите покриени со снег ги предизвикуваат летачите од целиот свет. Тандем летови се прават на висина од околу 4600 метри, со една минута слободен пад. Исто така, треба да се напомене дека ова е една од најевтините авантури наоколу.

4. Летање со параглајдер над црвените карпи на Седона (Sedona Red Rocks), САД
Главната New Age дестинација во Аризона, Седона стана многу популарна помеѓу ентузијастите за летање и авантури. Летањето над овие карпи е како да гледате ѓаволско-восхитувачки пејсаж.

5. Zip lining (пуштање по сајла закачена на две дрвја) на дрвја во Дуранго, САД
Ако некогаш Тарзан ви бил фаворит, еве ви шанса да си ја остварите вашата фантазија и каде со својата Џејн (или обратно) можете да ги надлетате зелените џунгли во Дуранго. Оваа авантура ќе ве качи високо на дрвјата од каде ќе се пуштате од дрво на дрво, но притоа треба да внимавате да не слетате во домовите на птиците и рептили кои ја одржуваат џунглата жива.
 

6. Hang-gliding во планините на Барлиоче, Аргентина
Патагонија е дефинитивно земјата на џиновите, па затоа ако сте во потрага по вакви хоризонти, Барлиоче, во срцето на Сан Карлос, е правото место за вас. Убавините на ова место се протегаат од плажите до највисоките врвови на планините и летањето над овие предели е опишано како вистинско ангелско искуство. Летање има преку целата година, но најубавиот поглед го има во лето.

7. Параглајдинг на врвот Baba Dağ, Турција
Не секоја земја во светот има свој фестивал за летачи, но во регионот на Олудениз се прославува уметноста на летањето секој октомври, со една недела на Воздушни игри. Тиркизниот брег во овој регион е еден од најдобрите места за вашето прво летачко искуство.  А додека се качувате на планината ќе ги почувствувате убавините на локалната фауна и миризливите шуми.

8. Hang-gliding на Сиера Невада, близу Гранада, Шпанија
Посетете ја Сиера Невада и лансирајте се над најјужната точка од Европа, каде планините се среќаваат со морето. Преку зимскиот период, планините се рај за скијачите, а во летото пак за летачите и планинарите.
 

9. BASE скокање од Sky Tower, Нов Зеланд
Ако сакате градски поглед кога се фрлате од високо, вратете се во Оукленд, најживиот град во Нов Зеланд. Тука доаѓаат луѓе од целиот свет кои се љубители на скоковите од високи згради. На 328 метри од земјата, скокачот може да достигне брзина и до 85км/ч. Само за безбедност, скокот е контролиран со кабел за да се избегне евентуален удар со зградата. Епа за ова треба храброст!

10. Нуркање во пештерите на Cenote Dos Ojos, Мексико
Метеорот кој удрил во Мексико пред 65 милиони години, оставил 284 километри широк кратер на земјата. Со години дупката се полнела со вода, формирајќи пукнатини под површината на кратерот со што се создал и неверојатниот васкуларен систем на подводни реки и базени. Денес, пештерски нуркачи од сите страни на светот доаѓаат на ова место за да се нурнат длабоко во базените кои успеале да го задржат својот природен изглед, а дополнителна глетка се и мноштвото од сталактити и сталагмити.