Наслов

Започна Freeride World Tour 2013

Вчера започна еден од најпознатите ски и сноуборд freeride евенти, Freeride World Tour 2013. Во следните неколку месеци, на одбраните датуми следете ги најелитните светски ски и сноуборд имиња како ги возат најјезивите линии во светот.

Најдобрите возачи на најдобрите падини во најдобрата freeride компетиција на светот. Започна Swatch Freeride World Tour by the North Face која оваа година ќе ги обедини најјаките ски и сноуборд возачи од целиот свет на тура која ќе има шест застанувања на два различни континенти и шест различни држави.

Минатата година турата одеше под името Swatch Freeride World Tour, а од оваа година се фузираше со The North Face Masters of Snowboarding во сегашното име на настанот. За разлика од претходните години кога се одржуваа три различни тури во северна Америка, јужна Америка и Европа, оваа година направена е промена во натпреварувањето и целата тура оди во еден глобален шампионат од 5 ѕвезди, кој ќе се одржува на шест стоп точки.

Компетицијата започна вчера на 11.01.2013 со отворањето во Ревелсток, Бритиш Колумбија во Канада и тоа неколку дена подоцна бидејќи временските услови не дозволија планината Меккензи да биде возена на 7ми јануари. Шампионатот, од оваа година е предвидено да се вози само во Европа и Северна Америка и ќе биде развлечен се до финалето во Вербиер, Швајцарија на 23 март оваа година.

Целиот настан ќе биде стримуван на повеќе канали преку кои ќе можете да си ги задоволите вашите гладни скијачки и сноуборд потреби. Бујрум еден од нив тука.

А еве ви го и тизерот!

Swatch Freeride World Tour by the North Face апдејтуван календар:

1. Swatch Freeride World Tour Revelstoke 2013 by The North Face
Dates: 11 January; Location: Revelstoke (CAN)
Disciplines: Men's and Women's Ski and Snowboard

2. Swatch Freeride World Tour Courmayeur-Mont-Blanc 2013 by The North Face
Dates: 19 January; Location: Courmayeur-Mont-Blanc (ITA)
Disciplines: Men's Ski and Snowboard

3. Swatch Freeride World Tour Chamonix-Mont-Blanc 2013 by The North Face
Dates: 26 January; Location: Chamonix-Mont-Blanc (FRA)
Disciplines: Men's and Women's Ski and Snowboard

4. Swatch Freeride World Tour Kirkwood 2013 by The North Face
Dates: 27 February; Location: Kirkwood (USA)
Disciplines: Men's and Women's Ski and Snowboard

5. Swatch Freeride World Tour Fieberbrunn Pillerseetal 2013 by The North Face
Dates: 9 March; Location: Fieberbrunn Pillerseetal (AUT)
Disciplines: Men's and Women's Ski and Snowboard

6. Swatch Verbier Xtreme 2013 by The North Face
Dates: 23 March; Location: Verbier (SUI)
Disciplines: Men's and Women's Ski and Snowboard

11 Јануари 2013

За авторот