ФПСМ ве кани на денот на планината

Викендот на 12 и 13 декември традиционално ќе биде одбележан светскиот ден на планината со низа активности во рамки на Федерацијата на Планински спортови на Македонија. Бидете дел од убавиот репертоар на филмови, презентации, дружење и традиционалната планинарска акција Водно – Матка. 

Следниот викенд на 12 и 13 декември ФПСМ организира дводневни активности со кои ќе се одбележи светскиот ден на планината – 11 декември. Во сабота на 12-ти во киното Фросина, МКЦ ќе се одржи мала коктел забава со проекција на неколку филмови и презентација на неколку домашни планинари. 

Во програмата за овој ден се предвидени документарен филм за искачувањето на Здравко Дејановиќ (првиот Македонец) на Анапурна – насловен Македонското знаме на Анапурна 1, потоа следи филмот Невидливиот носач на К2, презентација на Трајче Панковски за планинско трчање, турно скијање со Томица Котевски, од 20 часот ќе започне презентација за искачување на Гросглокнер 2015, па проекција на краток филм и презентација за искучително тешкиот подвиг на Александар Кирковски – Новогодишен х 10, а програмата ќе заврши со одличниот домашен документарен филм – Прва Македонска трансверзала на Горан Вучиќ и Кирил Шентевски. 

Наредниот ден предвидена е традиционалната планинарска акција Водно – Матка со дополнителни активности на Матка. 

Повелете. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија