ФПСМ – информација за Дејановиќ на Анапурна I

Денеска на 23.03.2015 година Федерацијата на планински спортови во Македонија на својот фејсбук профил издаде информација за моменталната ситуација во врска со искачувањето на Здравко Дејановиќ на Анапурна 1. 

ИНФОРМАЦИЈА

Анапурна 1, Здравко Дејановиќ

Комисијата за високогорство и експедиционизам при ФПСМ, Ве информира дека:

  • Македонскиот високогорец Здравко Дејановиќ, и покрај многу тешките услови (длабок снег), се наоѓа во камп број 4. Му посакуваме мирно време во следниве 12-24 часа, за искачување на врвот Анапурна 1.

Анапурна 1 е дел од хималајскиот масив Анапурна кој се наоѓа во централен Непал и е составен од повеќе врвови нас 8000 метри и многу други на 7000 метри надморска височина. Врвот е висок 8,091 м.н.в и претставува 10тата по височина 8000 илјадарка која е и првата која била искачена. 

Сепак, врвот е и еден од најтешките и досега најмалку качени во светот.

И ние му посакуваме мирно време на Здравко Дејановиќ во следниот период.  

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија