Форест Гамп навистина постои

Легендарниот филм од 1994 година на сите тркачи во светот им ја донесе легендарната фраза: „Трчај Форест, трчај”. Не постои тркач кој не ја чул и ретко на кој му се допаѓа. Но на еден лик не само што му се допаднала, туку и му го променила животот.

Сите го знаете Форест Гамп но колкумина од вас го знаат Роб Поуп? Роб Поуп е 39 годишен Британец на кого легендарниот филм му го променил животот. Тој до таа мера бил инспириран од филмот и од главниот лик што решил да го повтори она што Форест го прави во филмот, петпати да го претрча Американскиот континент (15 000 милји).

За доживувањето да биде потполно уникатно, Роб влегол во берберница во Алабама а потоа почнал да трча низ Америка, трчањето траело околу 430 денови. Тој изгледа како Форест а исто така се облекува и однесува.

Кога бил запрашан зошто го прави сето тоа, тој одговорил:
„Пред да почине мојата мајка ми рече да направам нешто што ќе го запамети целиот свет. Си реков, зошто не ова!”

Ова “патување” на кое тргнал Роб подразбирало околу шеесетина километри дневно. За разлика од оригиналниот филмски карактер кој трчаше без никаква цел, Роб во текот на својот подвиг успеал да собере речиси 50 000 долари (се надева дека еден ден ќе дојде до цифрата од еден милион) кои ги подарил на добротворни организции.

Претрчувањето на континетот на неколкупати било прекинувано заради тоа што Роб морал да ја обновува визата. Се разбира додека престојувал во родната Британија тој трчал маратони. Ако мислите дека се работи за просечен или спор тркач грешите. Роб на маратонот во Манчестер на 8 Април истрчал за време од 2:55:12. Една недела подоцна на маратонот во Брајтон истрча за 2:52:09 и за финале следната недела на Лондонскиот маратон оваа “будалетинка” истрча време 2:36:28 доволно за 82 место.

Роб по професија е ветеринар и се надева дека еден ден ќе и се врати на својата матична професија.

Инспиративно, зарем не?

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија