Фокусирајте се на целта за подобри резултати

Фиксирање на вашето внимание на објектите во далечината додека се движите на некоја трка или тренинг е во можност да ви ги подобри резултатите за разлика од бесцелното шетање со погледот во асфалтот. 

Поново истражување правено на њујоршкиот универзитет за психологија открива како фокусирањето на погледот во некој далечен објект додека човекот се движи има потенцијал да го направи побрз. Истражувачите веруваат дека оваа техника може да претставува важна стратегија во подобрување на квалитетот на вежбањето, но и на резултатите. 

Хипотезата околу „стеснување на вниманието“ за промена на перцепцијата, но и резултатите од истражувањето велат дека фокусирањето на одреден објект кој е подалеку од вас додека се движите (трчате, возите велосипед итн.) ви дава перцепција на пократка дистанца за поминување, со тоа психолошки се делува на мотивацијата којашто за возврат ве прави побрз во движењето, а самиот зафат делува полесен.

За разлика од ова, доколку вашето внимание е сконцентрирано на околните објекти, овие стимулуси отсуствуваат и со тоа човекот добива друга перцепција на околината, целта изгледа далечна, и истиот е помалку мотивиран. 

Во истражувањето правено со помош на различно фокусирање на вниманието на конуси за време на една кратка трка дало резултати дека оние кои го фиксирале погледот во конусите на целта имале 23 проценти подобри (побрзи) резултати и во однос на контролната која што била фокусирана на блиските конуси. Дополнително првата група објавила дека самата вежба делувала „полесна“ од испитаниците во втората група.

Научниците веруваат дека фокусирањето на целта ја прави истата полесна за достигнување, па делува мотивирачки и овозможува човекот да се мобилизира и да пренесе во „повисока“ брзина. 

Нешто повеќе за ВИЗУЕЛИЗАЦИЈАТА и ИМАГИНАЦИЈАТА во спортот прочитајте ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија