Физиотерапија кај Алцхајмерова деменција – DPT Sci Денис Арсовски

Зборот деменција доаѓа од латинскиот збор dementatus, што значи ”надвор од ум” и како таков можел да се користи за секој облик на психопатологија. Целзус е веројатно првиот кој го користи терминот деменција во првиот век п.н.е, иако веројатно првиот облик да се опише етиологија која не е нужно врзана за староста е тој на Орибазиус, лекарот на императорот Јулијан, од четвртиот век п.н.е. Орибазиус пишува за болеста церебрална атрофија која предизикува загуба на интелектуалната способност и ослабено движење.

Деменцијата се дефинира како прогредирачко нарушување на когнитивните функции кое се јавува при сочувана свест (во отсуство на делириум). Деменцијата се состои од повеќе симптоми кои посочуваат на хронична и раширена дисфункција. Главното обележје е глобалното нарушување на интелектуалната способност, кое се карактеризира со отежнато памтење, внимание, мислење и разбирање. Исто така, може да се јават и промени на расположението, личноста и социјалното однесување.

Деменцијата не треба да се дијагностицира доколку нема докази за нарушено памтење и нарушување на најмалку уште една од когнитивните функции. Деменцијата мора да се разликува од менталната ретардација и другите когнитивни растројства од типот на амнезичните растројства, кои погодуваат само една интелектуална функција, имено, само памтењето.

Алцхајмеровата болест е најчестата причина на деменција кај постарото население. Крепелин, најзастапената деменција ја именувал според германскиот психијатар и невропатолог Алоиз Алцхајмер. Алцхајмер е првиот кој ја опишал болеста уште во 1907 година, кога известува за случај на Августа Детер, 51-годишна жена со ослабено памтење, топографска дезориентираност, делузивни мисли дека некој ја прогонува, мешање лица и нарушувања на однесувањето (прикажана на сликата). Веднаш по нејзината смрт, тој го прегледал нејзиниот мозок и го документирал присутството на невропатолошките белези: амилоидни плаки и неврофибрилни клопчиња.

Конечна дијагноза на Алцхајмеровата болест може да се постави само со аутопсија, со помош на особени хистопатолошки критериуми што ги има поставено Концорзиумот за основање регистер за Алцхајмеровата болест (CERAD). Долги години Алцхајмеровата болест се сметала за пресенилна форма на деменција, ограничена на лица со симптоми кои почнуваат пред 65 годишна возраст. Меѓутоа, напредните клинички, патолошки, ултраструктурни и биохемиски анализи укажале на тоа дека Алцхајмеровата болест е идентична со почестата сенилна деменција која почнува по шеесет и петтата година.

За луѓето со Алцхајмерова болест, истражувањата покажуваат дека:

– Физичката активност може да ја подобри меморијата;
– Редовното вежбање може да го одолжи почетокот на Алцхајмеровата болест;
– Редовното вежбање може да го одолжи намалувањето на способноста за извршување на активностите од секојдневниот живот.

Како експерти за движење, физиотерапевтите може да дизајнираат вежби за двишење со цел подобрување на активностите од секојдневниот живот при различни услови и патологии, како и кај болните со Алцхајмерова болест. Во раната и средната фаза на Алцхајмеровата болест, физиотерапевтите се фокусираат на одржување на мобилноста на луѓето со Алцхајмерова болест со цел да продолжат да ја одржат својата улога во домот и заедницата. Во доцната фаза на Алцхајмеровата болест физиотерапветите со вежбите за движење го одолжуваат намалувањето на вежбите за движење и нивна активност што е можно подолго, со што се намалува товарот на членовите на семејството и негователите. Физикалната терапија може да го подобри квалитетот на животот на пациентот и одложување на потребата за инстуционализација.

Луѓето со Алцхајмерова болест развиваат и пропратни болести поврзани со старости, како што е артритисот, паѓањето (фрактури). Физиотерапветите се обучени за третирање на овие состојби иако во основата лежи болеста на Алцхајмер.

Физиотерапветите користат различни научни методи, техники со поедноставни инструкции и уникатни пристапи кон пациентот, вклучувајќи:

– Визуелни, вербални и тактични знаци – Физиотерапевт обезбедува “знаци кои укажуваат и покажуваат на предмети”. На пример, подигнувањето на двете раце може да се сигнализира лицето да застане. Знаците исто така, може да се дадат усно со кратки, едноставни инструкции во еден чекор. Тактилните индиции се држење за рака додека некој чекори. Понекогаш, 2 или 3 вакви техники се користат истовремено.

– Огледување – Со оваа техника, физиотерапевтот служи како “огледало”, стои пред лицето да му покаже како да се движи. Доколку сакаме од пациентот да ја подигне левата рака, физиотерапевтот треба да ја подигне неговата десна рака.

– Дефект задача – Терапевтите се обучени како да им даваат инструкции чекор по чекор со делење на кратки, едноставни “парчиња” што треба да се завршат одделно. На пример, ако терапевтот сака да го научи лицето како да се движи безбедно од лежење во кревет за да седи во стол, терапевтот мора да има свои техники кои му ги укажува на пациентот, како тркалање на страна, а потоа се туркање да седни на столот.

– Поврзано движење – физиотерапевтот обезбедува чекор по чекор со поврзување на еден чекор кон следниот чекор во покомплицирано движење. Оваа техника најчесто се користи во дефект задачата и ги обединува одделните чекори на движење од лежење во кревет за пациентот да седне на стол.

– Придвижување на делови од телото на пациентот – Физиотерапевтот ја зема раката или други делови на телото на пациентот кое треба да се движи или се заврши некоја задача и се движи тој дел од телото на пациентот преку движења претходно осмислени од физиотерапевтот.

Иако луѓето со Алцхајмерова болест обично ја одржуваат способноста да се движат и во доцните фази на болеста, проблемите со рамнотежата и координацијата често водат до потешкотии. Физиотерапевтите ги обучуваат мускулите кај кои е намалена нивната активност да “научат” да одговараат на промените во животната средина, како што се нерамни или нестабилни површини.

Семејството или старателот мора да знаат како овие лица безбедно да се движат, креваат, или како се транспортираат лицата со Алцхајмерова деменција за да се спречи евентуална повреда на старателот, како и евентуални повреди на самиот пациент.На пример , физиотерапевтотот може да покаже на старателите или семејството како да се користат опрема и помагала кои се од полза при ваков вид на болест , како што се специјални системи за седишта, бастуни, патерици, дубалки и како да се користи добро “механиката на телото” ( начинот на кој физички се движи телото за да се направи саканото движење).

Пред да започне со третманот, физиотерапевтот мора да ги знае детално сите симптоми на Алцхајмеровата болест кај пациентот кој се појавиле, како и она што ги влошува симптомите. Луѓето со Алцхајмерова деменција обично имаат високо ниво на агитација и немир на крајот на денот, што експертите тоа го нарекле ”sundowning”. Затоа, програмата за вежбање треба да биде закажана порано во текот на денот, по можност во утринските часови, кога нивото на агитација на пациентот обично е најниска и менталното познание е на највисоко ниво.

Целите на физиотерапевтот кај пациенти со Алцхајмерова деменција се:
– Зајакнување на постуралните мускули;
– Зајакнување на слаби области (квадрицепс, екстензори и сл.);
– Одржување на флексибилноста, со раширување на постуралните мускули.

”Физиотерапевт кој може најмногу да помогне на лица со Алцхајмерова болест е оној кој има долгогодишна пракса во геријатриско одделение и доволно да ја познава Геријатријата од теоретска гледна точка”.