Фитнес трендови за 2013

Силов тренинг е ИН, додека пилатес е АУТ. Ова се резултатите од анкетата спроведена на Американскиот колеџ за спортска медицина (ACSM) кој секоја година ги предвидува повеќето фитнес трендови.


Ова е кратката листа на трендови кои котираат највисоко:
1. Образовани и сертифицирани фитнес професионалци: Овој тренд е на прво место во последните 6 години, период во кој бројот на образовани и сертифицирани тренери континуирано е во пораст. За професионалците има сè повеќе работа, а многу од нив се одлучуваат да започнат и свој бизнис надвор од фитнес салите.
2. Силов тренинг со помали тежини: Можеби бодибилдерите дигаат многу, но обичните луѓе сè повеќе се потпираат на мали тежини со крајна цел да ја подобрат или да ја одржат силата, или пак да се рехабилитираат од повреди.
3. Тренинг со сопствена тежина: Овој пристап кој нè враќа на основата, бара само минимална опрема и е сè по распространет како во фитнес салите така и надвор од нив.

 

4. Вашето време за тренинг ќе се преполови: Сè повеќе се зборува за моќта на кратките, интензивни тренинзи. Со помош на HIIT (High Intensity Interval Training) може многу побрзо да се достигне посакуваната цел, но оваа програма не е адекватна за секого. Во некои случаи тренингот со помал интензитет е посоодветен.
5. Програми за деца со прекумерна тежина: Хронично и застрашувачко е ова здравствено прашање кое бара сè повеќе специјализирани физички активности за оние кои имаат таква потреба.
5. Физичка активност за намалување на тежината: Луѓето сфаќаат дека единствено со правилно дозирано вежбање и правилна исхрана можат да дојдат до посакуваните резултати во слабеењето.

 Другите фитнес трендови близу до врвот на анкетата вклучуваат:

– Програми за постарите возрасни лица;
– Самостоен мониторинг на напредокот со помош на мобилни апликации;
– Персонални тренинзи;
– Функционален фитнес;
– Изометрија;
– Персонални тренинзи во групи;
– Семинари за промоција на здравјето;
– Зумба и други тренинзи кои вклучуваат танцови.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија