Претставување на дел од тимовите од Алгасан Фит Предизвик и Буткамп Бубало

Третата рунда од Ултимативниот Алгасан Фит Предизвик истече, минатата недела ви ја претставивме првата диригентска палка, а редно време е да ви ги покажеме и првите виолини кои се и главниот елемент на ова супер-кул вежбачко лудило.

Во краток разговор со дел од тимовите на Ултимативниот Алгасан Фит Предизвик откриваме која е идејата зад нивните имиња, како позитивниот дух на сите членови се има споено токму за овој предизвик и кои се најчестите спортски активности што членовите ги практикуваат.

Ги прашавме и што мислат за нивните резултати и нормално, сите велат дека се најдобри 🙂

К4Т – Како го избравте името за вашиот тим?
Гладијатори – На предизвикот пишуваше дека треба да избереме некое поопасно име, да влева страв кај другите, па затоа одлучивме како најмоќно да го избереме името гладијатори.

К4Т – Со каква физичка активност се занимавате за да ја одржите формата? 
Гладијатори – Сите тројца одиме на Инсенити, вежбаме во теретана, понекогаш и зумба.

К4Т – Како го оформивте тимот?  
Гладијатори – Заедно вежбаме Инсенити тренинг, се знаеме од таму, па затоа како најспремни мислевме дека сме добитна комбинација!

К4Т – Дали сте задоволни од досегашните резултати?  
Гладијатори – Досега имаме супер постигнати резултати, но можеме и подобро!

К4Т – Како го избравте името за вашиот тим?
Среќлии – Нашата другарка Ема, која е дел од тимот, сметаше дека среќата ги прати храбрите па затоа одлучивме да бидеме Среќлии.

К4Т – Со каква физичка активност се занимавате за да ја одржите формата?
Среќлии – Рекреативно се занимаваме со аеробик, планинарење, трчање… еве и на Скопски маратон се пријавивме да учествуваме.

К4Т – Како го оформивте тимот?
Среќлии – Па друштво сме, Кики како главен капитен бидејќи е машко и е појак од нас па тука е да нè бодри, а ние покрај него да дадеме максимум од себе.

К4Т – Дали сте задоволни од досегашните резултати?  
Среќлии – Досега е ОК, всушност денес беше најдобро, а секогаш се стремиме за подобро, се разбира!

 

К4Т – Како го избравте името за вашиот тим? 
УБ40 – Името го избравме бидејќи 70% сме дружина над 40 години.

К4Т – Со каква физичка активност се занимавате за да ја одржите формата?
УБ40 – Во главно тренираме аеробик и често пати трчаме на кеј, се качуваме на Водно викендашки…

К4Т – Како го оформивте тимот?
УБ40 – Бидејќи 3 години тренираме заедно аеробик се одбравме во однос на вежбите што ги правиме.

К4Т – Дали сте задоволни од досегашните резултати?  
УБ40 –  За сега сме супер, еднаш прво и еднаш трето место, мотивот е многу голем за освојување на главната награда!

К4Т – Како го избравте името за вашиот тим?
Феникс – Името Фенис значи воскреснување, по птицата што се раѓа одново од пепелта, неуништлива и посилна.

К4Т – Со каква физичка активност се занимавате за да ја одржите формата?
Феникс – Вежбаме сите, главно со аеробик, фитнес теретана, ролери, планинарење, дури и вештачка карпа.

К4Т – Како го оформивте тимот?
Феникс – За предизвикот дознавме од Елена Бубало, ние девојките вежбаме заедно, а машкиот претставник ни е другар за спорт, па затоа го собравме како посилна поткрепа.

К4Т – Дали сте задоволни од досегашните резултати?
Феникс – Денешниот тренинг беше супер, сè подобри и подобри сме.

К4Т – Како го избравте името за вашиот тим?
Смедеревка – На интернет пишуваше дека името треба да биде лудо и впечатливо, па затоа го избравме токму ова име – Смедеревка.

К4Т – Со каква физичка активност се занимавате за да ја одржите формата?
Смедеревка – Фудбал, фитнес, аеробик…

К4Т – Како го оформивте тимот?
Смедеревка – Се знаеме ние уште од порано, бидејќи заедно учиме сите тројца.

К4Т – Дали сте задоволни од досегашните резултати?
Смедеревка –  Па напорно е, но задоволни сме! Денес поминавме добро, не е одлично, но се трудиме да биде подобро.

К4Т – Како го избравте името за вашиот тим? 
Топ ганс – Баравме нешто да биде креативно, а воедно да го одрази натпреварувачкиот карактер во суштина и така дојдовме до идејата за Топ ганс.

К4Т – Со каква физичка активност се занимавате за да ја одржите формата?  
Топ ганс – Сите тројца вежбаме аеробик, фитнес, трчаме, сега се спремаме и за Скопскиот маратон, и понекогаш планинариме.

К4Т – Како го оформивте тимот?
Топ ганс – Сите тројца вежбаме заедно долго време и се знаеме добро. Баравме тим што ќе се истакне и си одговарме како карактери, се дружиме.

К4Т – Дали сте задоволни од досегашните резултати?
Топ ганс – Апсолутно!

К4Т – Како го избравте името за вашиот тим?
Бот скват – На интернет баравме интересно име, а ова ни звучи како дружина, тим за акција.

К4Т – Со каква физичка активност се занимавате за да ја одржите формата?
Бот скват – Во слободно време се занимаваме со аеробик, фитнес и трчање.

К4Т – Како го оформивте тимот?
Бот скват – Еден другар ми кажа за овој предизвик, машкиот претставник ни е активен и тренинра па затоа сакаше да учествува, а бидејќи првично еден член ни се откажа ја прашав мојата колешка што е повеќе физички активна дали ќе сака да ни се придружи и од тоа испадна супер дружина.

К4Т – Дали сте задоволни од досегашните резултати?
Бот скват –  Супер, задоволни сме, малку е понапорно од она што го очекуваме со обзир на тоа што не сме толку физички активни како повеќето пријавени, но сепак супер е. Првиот пат не очекувавме тренингот да биде толку јак, но се навикнавме.