#TCRNo7

Наслов

Финиш за Тина на нејзиниот втор ТрансКон настап

Тина Нестороска со втор финиш на ТрансКон, овојпат од Бургас до Брест во неверојатни 4300 километри низ нешто помалку од 19 денови самостојно возење. 

Фото - Тина Нестороска ТрансКон 2017

Утрово во 4 часот и 45 минути нашата учесничка на Трансконтиненталната трка која оваа година одеше од Бургас до Брест, Тина Нестороска, стигна на финиш линијата и со тоа по втор пат ја заврши оваа интересна трка.

Рутата која ја возеше одеше низ цела Бугарија и споменикот Бузлуџа на планината Балкан како првата контролна точка,  потоа низ цела Србија, Хрватска, Словенија, преку Јужен Тирол, до езерото Комо, Торино, Гренобл и целата Франција во дијагонала до финишот во Брест. 

Трката оваа година стартуваше на 27 јули, а Тина успеа да ја измине делницата за нешто помалку од 19 дена, со 5 дена побрзо време од настапот во 2017 година, каде заедно со Горан Арсовски успешно ја финишираа трката за 23 дена.  

Трансконтиненталната ултра трка со велосипеди претставува еден интересен концепт на самоодржливо возење со велосипеди на ултра дистанци каде секој тркач е потребно да функционира максимално самостојно низ целата рута. 

Деталите за движењето на Тина можете да ги погледнете тука

Повеќе за трката читајте тука

15 Август 2019

За авторот